Тотенхем ја отфрли првата понуда на Челзи за Модриќ!

Тотенхем го отфрли првиот предлог на Челзи за 25-годишниот хрватски плејмејкер Лука Модриќ во износ од 22 милиони фунти, соопштија британските медиуми.

Модриќ е трансфер цел и на двата клуба од Манчестер, но „сините” ја дадоа првата конкретна понуда и по одбивањето се очекува да преземат нов чекор, нудејќи поголем износ. Официјалната понуда била дадена синоќа и била отфрлена од претседателот на Тотенхем Даниел Леви, кој се согласува со мислењето на менаџерот Хари Реднап дека најдобрите играчи треба да се задржат, а Модриќ е „незаменлив”. Цената на Хрватот може да достигне 30 милиони и сега со интерес се очекува реакцијата на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Челзи се убедени дека Модриќ ќе стане важен дел од нивните идни планови. Играчот за врска на Тотенхем има договор до 2016 година, добива по 40.000 фунти неделно и се очекува Челзи да се обидат да го доведат во нивните редови за двојно повисоко плата.

You can leave a response, or trackback from your own site.

Leave a Reply

Powered by WordPress | Designed by: Free Web Space | Thanks to Best CD Rates, Boat Insurance and software download